Поповски најефикасен, Цирих потклекна кај Кадетен

Екипата на Амичитија Цирих во натпревар од швајцарскиот шампионат беше поразена од Кадетен Шафхаузен со четири гола разлика 26:22.

Во таборот на Амичитија Цирих повторно на ниво беше македонскиот интернационалец Мартин Поповски.

Екс ракометарот на Вардар и Текстилец ја предводеше листата на стрелци во поразената екипа, постигна четири погодоци.

Вториот ракометар од Македонија во редовите на Амичитија Цирих, Филип Арсеновски имаше една реализација.

Амичитија Цирих моментално се наоѓа на 4. позиција на табелата со 26 бода, додека третопласираниот Винтертур на свое конто има 36 бода.