Полјаците тврдат: Нема втор македонски тим во елитата, Лигата на шампиони без Еурофарм Пелистер!

Реномираниот полски портал „Преглед Спортови“ објави неофицијална информација за изгледот на Лигата на шампионите во следната сезона.

Извршниот Комитет на ЕХФ заседаваше во текот на вчерашниот ден и одлучуваше за тоа кои тимови ќе добијат „апгрејд“ или вајлд-карта за елитното натпреварување.

Полскиот медиум пишува дека ЕХФ се одлучила да ги прифати барањата на Нант, ПИК Сегед, Елверум, Динамо Букурешт, Целје и Брест Мешков.

Адемар Леон, Спортинг Лисабон, Еурофарм Пелистер, Кадетен Шафхаузен, Бешикташ, Висла Плоцк, Мотор Запорожје и ГОГ Гудме ќе играат во Лигата на Европа.

Директно во групната фаза се пласирани Вардар, Кил, Фленсбург, ПСЖ, Загреб, Веспрем, Алборг, Порто, Барселона и Келце.

Европската ракометна федерација утре официјално ќе го соопшти списокот на учесници.