Полска лесно мина со Белорусија, обезбеди пласман во главната фаза на ЕП

Репрезентацијата на Полска со победа од 29:20 над Белорусија обезбеди пласман во главната рунда на Европското првенство.

Овој натпревар мина во потполна доминација на ракометарите на Патрик Ромбел. Неизвесно беше само во првите осум минути кога резултатот беше 3:3.

Полска во продолжението полека ја зголемуваше разликата во своја корист. Водството на Полјаците беше од четири до пет позитива во првото полувреме.

Белорусија немаше никакви шанси да фати приклучок и да го направи натпреварот поинтересен. Репрезентацијата на Полска на полувреме замина со солидна предност од три гола разлика, 14:11.

Во второто полувреме имаше мал пад во играта од страна на ракометарите на Полска. Во 45. минута, Вајлупов намали на минус три, 18:21. Останатите петнаесетина минути беа само чиста формалност, во која Полска со убедлив триумф го завери местото во главната фаза од Европското првенство.

Полска во првото коло од групната фаза беше подобра од Австрија со 36:31.

16 јануари 2022
20 - 29
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
16 јануари 2022 22:05 EURO22 D 2021/2022 16.01.2022 60'

Место

„ОНДРЕЈ НЕПЕЛА“ БРАТИСЛАВА

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
БЕЛОРУСИЈА1120Пораз
ПОЛСКА1429Победа

БЕЛОРУСИЈА

# Играч Позиција Исклучување Голови
7Арцјом Кулакцентрален бек01
9Алех Астрашапкиндесен бек02
14Јаухен Никановичдесно крило00
16Вјачеслав Салдаценкаголман00
17Владислав Кривенкалево крило01
21Илја Усикголман00
23Андреј Јуриноклево крило13
25Виктор Зајцовпивот00
44Ихар Бијалијаускицентрален бек00
50Арцем Каралекпивот13
55Никита Вајлуповдесно крило05
62Кирил Самоилалев бек10
65Мацеј Уадавенијадесен бек00
74Вјачеслав Боканпивот12
95Вадим Гајдученкоцентрален бек03
98Николај Аљохиндесен бек00
 Вкупно 420

ПОЛСКА

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Матеуш Корнецкиголман00
3Михал Дашекдесно крило06
4Пјотр Једрашчукцентрален бек00
5Михал Олејничакцентрален бек04
6Кжиштоф Комаржевскидесно крило00
8Бартоломеј Биспивот00
9Симон Сичколев бек04
12Пјотр Пјетрашиклев бек03
18Мелвин Бекманлев бек00
20Мациј Пилитовскицентрален бек00
21Камил Шипжакпивот02
23Аркадиуш Моритодесен бек03
26Пжемислав Крајевскилево крило07
28Мациј Гебалапивот10
30Рафал Пжибилскидесен бек00
40Матеуш Зембжицкиголман00
 Вкупно 129

ЕП 2022, ГРУПА Д – ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ.
1СЛОВЕНИЈА33006
2НОРВЕШКА31113
3ПОЛСКА31022
4ФАРСКИ ОСТРОВИ30121