Полна европска агенда за македонските арбитри и делегати

Европската ракометна федерација има голема доверба во македонските арбитри и делегати, па им довери многу задачи во европските купови.

Покрај натпреварите од ЕХФ Купот и Лигата на шампионите, работа за нашите официјални лица ќе има и во регионалната СЕХА лига.

Можни се и дополнителни ангажмани, со оглед на тоа што ЕХФ се уште не ги објавила официјалните лица за машката и женската Лига на шампионите за натпреварите од втората половина на месец октомври.

Делегирање на македонски судии и делегати:

3/10, 17:15, СЕХА лига, Металопластика – Мешков Брест (Димитар Митревски и Благојче Тодоровски)
3/10, 17:15, СЕХА лига, Металопластика – Мешков Брест (Драган Начевски)
5/10, 19:00, ЕХФ Куп, Екс ан Прованс – Пореч (Димитар Митревски и Благојче Тодоровски)
12/10, 15:00, Лига на шампионите, Чеховски Медведи – Динамо Букурешт  (Марјан Начевски)
12/10, 15:30, ЕХФ Куп, Скјерн – Алпла Хард (Ненад Николовски и Исмаил Металари)
12/10, 17:00, ЕХФ Куп, Чурго – Констанца (Ацо Николовски)
12/10, 17:30, ЕХФ Куп, Хувента Михаловце – Ница (Даниело Божиновски и Виктор Начевски)
12/10, 19:00, ЕХФ Куп, Пореч – Екс ан Прованс (Камер Металари)
13/10, 18:00, Лига на шампиони, Подравка – Кристијансанд (Силвана Карбеска и Марија Илиева)
16/10, 19:00, СЕХА лига, Спартак Москва – Металопластика (Ѓорѓи Начевски и Славе Николов)
16/10, 19:00, СЕХА лига, Спартак Москва – Металопластика (Марјан Начевски)
19/10, 17:00, ЕХФ Куп, Астраханочка – Букстехуде (Силвана Карбеска и Марија Илиева)