Натпреварите од 1. коло од првите два дена донесоа интересни резултати и неочекувано висок пораз за Македонија против селекцијата на Шведска.
Македонија влезе добро во средбата, но не успеа да издржи, па претрпе висок пораз, кој е најголем од досега одиграните дуели во групите Е, Ф, Г и Х.
Со бодови стартуваа Швајцарија и Франција во Групата Е, Алжир и Португалија од Ф групата, Египет и Шведска во Групата Г, додека во Групата Х победи составот на Словенија. По еден бод со првото реми на овој шампионат освоија Русија и Белорусија.
Средбите од 2. коло од четирите групи се играат в сабота.
СВЕТСКО ПРВЕНСТВО
РЕЗУЛТАТИ ВО 1. КОЛО
ГРУПА E
АВСТРИЈА – ШВАЈЦАРИЈА 25:28 (ИЗВЕШТАЈ)
НОРВЕШКА – ФРАНЦИЈА 24:28 (ИЗВЕШТАЈ)
ГРУПА Ф
АЛЖИР – МАРОКО 24:23 (ИЗВЕШТАЈ)
ПОРТУГАЛИЈА – ИСЛАНД 25:23 (ИЗВЕШТАЈ)
ГРУПА Г
ЕГИПЕТ – ЧИЛЕ 35:29 (ИЗВЕШТАЈ)
ШВЕДСКА – МАКЕДОНИЈА 32:20 (ИЗВЕШТАЈ)
ГРУПА Х
БЕЛОРУСИЈА – РУСИЈА 32:32 (ИЗВЕШТАЈ)
СЛОВЕНИЈА – ЈУЖНА КОРЕЈА 51:29 (ИЗВЕШТАЈ)