Мароко од готово си направи вересија, Алжир се врати од бездната за триумф!

Селекцијата на Алжир беше на работ да загуби од африканскиот ривал Мароко, но со огромен пресврт во второто полувреме ги освои бодовите, откако славеше триумф со 24-23 во првиот натпревар од групата Ф.

Алжир поведе само на стартот со 1-0, а потоа во првото полувреме се беше во знакот на Мароканците, иако пред мечот Алжирците беа прогласени за фаворит. Мароко предводен од некогашниот ракометар на Еурофарм Работник, Ашраф Адли играше одлично во средината на првиот дел, стигна до плус три, 5-8.

Се одлепија Мароканците на 5-11, а до крајот на првиот дел успеаја да направат и сигурна залиха од седум голови, 8-15. Но сепак тоа не беше доволно да имаа мирно второ полувреме.

Како одминуваше времето така Алжир се враќаше во игра и ја намалуваше разликата.  Иако имаше водство од 22-23 и напад, на минута и пол до крајот, мароканскиот селектор се коцкаше и играше без голман. Неговите играчи згрешија два пати, Алжир погоди преку Хишем и ја однесе победата.

Мароканците може да жалат што испуштија победа над големиот ривал, а интересен детал од оваа средба е што имаше дури три црвени картони за Мароко.

14 јануари 2021
24 - 23
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
14 јануари 2021 23:02 ГРУПА Ф 2020/2021 14.01.2021 60'

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
АЛЖИР824Победа
МАРОКО1523Пораз

АЛЖИР

# Играч Позиција Исклучување Голови
2Зохир Наимлев бек00
4Валид Бадилев бек12
6Месуд Беркослев бек01
7Дауд Хичемлев бек02
12Абделах Бенмениголман00
13Риад Шехбурлево крило21
15Редуане Сакердесно крило02
18Хичем Каабешепивот12
19Окба Енсаадпивот00
21Усем Буџенахлево крило00
22Калифа Гедбанеголман00
23Абдерахим Беријахдесен бек03
36Рахим Абделкадерцентрален бек00
44Мустафа Хаџи Садокцентрален бек02
77Ариб Редалево крило12
87Абди Ајублев бек17
 Вкупно 624

МАРОКО

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Јасин Идрисиголман01
7Резуки Реидадесно крило16
8Амине Бенталебцентрален бек00
10Мохамед Зароилицентрален бек05
12Алае Ларусиголман00
13Хишам Хакимидесен бек30
18Лахен Белиманлев бек00
21Насим Хамед Фуганидесен бек00
24Мохамед Езинелев бек03
46Амин Харчауицентрален бек03
91Ашраф Адлипивот03
92Хасан Ел Кахрадилев бек00
93Ријад Лакбилево крило00
94Мехди Алауипивот31
97Саид Ел Малкипивот00
99Набил Сласипивот21
 Вкупно 923

Officials

Судии:
Јеспер Мадсен -Данска
Мадс Хансен -Данска
ПозЕкипаНПРЛБ.
1НОРВЕШКА33006
2ХОЛАНДИЈА32014
3АРГЕНТИНА31022
4МАКЕДОНИЈА30030