Исланд без Палмарсон е за класа послаб, Португалија ги среди „рибарите“

Португалија имаше успешно отворање на Светското првенство во Египет откако ја совлада репрезентацијата на Исланд со 25:23. Ова беше трет меѓусебен дуел на овие ривали откако пред неколку дена играа двомеч во квалификациите на ЕП 2022.

Почетокот на натпреварот им припадна на ракометарите на Исланд, поведоа со 2:0 но Португалија многу брзо се врати и израмни на 4:4. Потоа следуваше период на неизвесна игра гол за гол. Со серија од три последователни гола Португалија во завршните минути од првиот дел поведе за првпат со два гола, 9:7.

Исланд не дозволи противникот да се одлепи и да отиде на одмор со посигурна предност, возврати со два гола по ред и повторно беше израмнето. Со цврста игра во одбраната на двете страни, првото полувреме заврши со малку голови, а Португалија беше подобра за еден гол, 11:10.

Во продолжението на натпреварот Португалија имаше нешто поквалитетно издание, веднаш на стартот успеа да „избега“ на четири гола 15:11 што беше највисокото водство дотогаш за една од екипите. Исланд тешко се враќаше во игра, заостанувањето од три до четири гола стана постојано и недостижно за нив. Најмногу што успеаја беше да се доближат на два, но Португалија знаеше како да го одбие ударот и да стигне до првата победа на Мундијалот.

Предводник на Португалија во победата беше Соареш со шест гола, пет постигна Портела, додека четирипати погоди Соарес. Во репрезентацијата на Исланд, Елисон со шест гола беше прв стрелец, а четирипати беше прецизен Гудјонсон.

14 јануари 2021
25 - 23
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
14 јануари 2021 22:09 ГРУПА Ф 2020/2021 14.01.2021 60'

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ПОРТУГАЛИЈА1125Победа
ИСЛАНД1023Пораз

ПОРТУГАЛИЈА

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Алфредо Кинтанаголман00
4Педро Портелалево крило05
5Жилберто Дуартелев бек10
8Виктор Итуризапивот02
9Жоао Фераздесен бек10
10Мигел Мартинсцентрален бек06
11Белоне Мореирадесен бек00
14Руи Силвацентрален бек02
15Дајмаро Салинапивот00
16Умберто Гомесголман00
22Алексис Боргеспивот10
23Диого Бранкињолево крило02
25Антонио Аријадесно крило01
27Андре Гомеслев бек04
30Леонел Фернандеслево крило02
88Фабио Магаљаешлев бек01
 Вкупно 325

ИСЛАНД

# Играч Позиција Исклучување Голови
7Виго Кристјансондесен бек00
8Бјарки Мар Елисонлево крило06
9Елвар Јонсонцентрален бек03
11Имир Гисласонпивот21
13Олафур Гудмундсонлев бек02
14Омар Магнусондесен бек12
15Александер Петерсондесен бек12
16Виктор Халгримсонголман00
17Арнор Гунарсондесно крило00
18Гисли Кристјансонцентрален бек02
20Агуст Бјоргвинсонголман00
21Арнар Арнарсонпивот01
22Сигвалди Бјорн Гудјонсондесно крило04
23Одур Гретарсонлево крило00
29Елиди Видарсонпивот00
33Јанус Смарасонцентрален бек00
 Вкупно 423

Officials

Судии:
Вацлав Хорачек -Чешка
Јири Новотни -Чешка
ПозЕкипаНПРЛБ.
1НОРВЕШКА33006
2ХОЛАНДИЈА32014
3АРГЕНТИНА31022
4МАКЕДОНИЈА30030