Парондо го поведе Египет кон трка за медал, домашните отворија победнички

Селекцијата на Египет која е домаќин на Светското првенство и на истото е предводена од поранешниот тренер на Вардар, Роберто Парондо отвори со победа на шампионатот од 35:29 против Чиле.

Ова беше одлична средба за ракометарите од Египет за загревање, а со оглед на тоа што се следен ривал на Македонија јасно е дека в сабота ќе биде максимално тешко бидејќи претстои силен дуел.

Неизвесноста на оваа средба траеше едвај пет минути. После краткото испитување на силите следуваше демонстрација на квалитетот на ракометарите од Египет кои влегоа посилно и почнаа да ги затвораат приодите кон голот на идниот голман на Еурофарм Пелистер.

Откако беше преземана контролата на играта веќе Чилеанците не можеа да следат. Египет имаше игра со која лесно ја зголемуваше предноста и практично казнуваше од секоја позиција, а многу чесно и преку контри одеше кон голот на противникот.

Чиле не можеше да следи и се виде дека не е на нивото на другите ривали од групата каде што е и Македонија. Тоа резултираше со предност од 18:11 за Египет на полувреме, па можеше во продолжение да се одигра мирно и без поголеми проблеми да се дојде до високи седум разлика.

Во вториот дел Парондо направи измени во тимот со желба да се зачуваат силите за следните натпревари. Можеше мирно да се продолжи во натпреварот, а тоа даваше резултат до 50. минута кога дојде до опуштање. Во тие моменти Чиле успеа да намали и да се доближи на пет погодоци негатива. Сепак, не можеше повеќе од ова така што на крајот Египет тргна на шампионатот со победа од 35:29 и два освоени бода.

13 јануари 2021
35 - 29
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
13 јануари 2021 19:41 ГРУПА Г 2020/2021 14.01.2021 60'

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ЕГИПЕТ1835Победа
ЧИЛЕ1129Пораз

ЕГИПЕТ

# Играч Позиција Исклучување Голови
5Јахија Омардесен бек24
11Ахмед Моаменлево крило01
15Ахмед Хешамцентрален бек00
24Ибрахим Елмасрипивот12
25Висам Наварпивот00
31Омар Елвакиллево крило02
39Јехија Елдералев бек06
42Хасан Кадахлев бек11
45Сеиф Елдералев бек02
53Акрам Јусридесно крило15
55Мошен Рамадандесен бек12
88Карим Хендавиголман00
89Мохамед Мамдупивот03
90Али Зеинлев бек13
91Мохамед Санаддесно крило04
96Мохамед Елтајарголман00
 Вкупно 735

ЧИЛЕ

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Филип Бариентосголман01
2Себастијан Кабелослево крило11
4Ервин Фојхтманлев бек17
7Диего Рејеслев бек02
9Хавиер Фрелијпивот31
10Емил Фојхтманцентрален бек03
11Естебан Салинаспивот18
12Фелипе Гарсијаголман00
16Винсенте Гонзалезголман00
17Родриго Салинасдесен бек05
20Себастијан Павездесно крило00
21Харалд Фојхтманлево крило00
23Бенџамин Калејалево крило00
29Марко Онетопивот00
30Даниел Ајаладесен бек11
77Виктор Доносолев бек20
 Вкупно 929

Officials

Судии:
Роберт Шулце -Германија
Тобиас Тониес -Германија