Словенија моќно го отвори Мундијалот, броеше до 51 против Кореја

Репрезентацијата на Словенија фуриозно го отвори Светското првенство во Египет совладувајќи ја младата екипа на Кореја со високи 51:29. Словенците се први фаворити во групата Х и уште на стартот најавија борба за висок пласман на овој Мундијал.

Уште од самиот почеток на натпреварот очигледна беше разликата во квалитет и во ниту еден момент немаше неизвесност. Избраниците на Љубомир Врањеш од првата минута без милост го полнеа голот на Корејците. Блаж Јанц беше многу ефикасен во почетните минути и многу брзо беше 6:2 за Словенија, а потоа и 11:3.

Корејците немаа многу шанса за надигрување, секоја грешка во нападот беше казнета со брза контра и реализација. Смената на голманската позиција што ја направи селекторот на Кореја донесе резултат, нововлезениот голман успеа да го запре Јанц, но потоа на сцена стапи Драган Гајиќ кој продолжи да го полни голот на Кореја.

После 30 минути игра Словенија имаше водство 25:16. И во второто полувреме еден тим доминираше на теренот, а разликата постојано се зголемуваше, а на крајот достигна дури до 22 разлика за прва лесна победа на Словенија.

Убедливата победа против Кореја можеби не е вистински показател за формата на Словенија, но секако е најава за ново одлично големо натпреварување за нив. Сепак ретко се гледа на еден натпревар еден тим да постигне повеќе од 50 гола, особено на Светско првенство.

Најефикасен во репрезентацијата на Словенија бешеа Драган Гајиќ со 10 гола Блаж Јанц постигна девет, а официјалните лица на крај на дуелот имаа чудна одлука да го прогласат за играч на натпреварот Миха Зарабец кој постигна само еден гол. Во составот на Кореја со по шест гола најпрецизни беа Јаеху Ким и Јинхо Ким.

14 јануари 2021
51 - 29
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
14 јануари 2021 20:10 ГРУПА Х 2020/2021 14.01.2021 60'

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
СЛОВЕНИЈА2551Победа
КОРЕЈА1629Пораз

СЛОВЕНИЈА

# Играч Позиција Исклучување Голови
2Сташ Скубецентрален бек01
3Блаж Благотиншекпивот13
5Ник Хенигманлев бек05
8Блаж Јанцдесно крило09
11Јуре Доленецдесен бек13
13Дарко Цингесарлево крило02
16Миљан Вујовиќголман00
17Нејц Цехтедесен бек01
21Драган Гајиќдесно крило010
22Матеј Габерпивот22
23Миха Зарабеццентрален бек01
26Клемен Ферлинголман00
34Рок Овничекцентрален бек03
44Деан Бомбачцентрален бек04
51Борут Мачковшеклев бек05
95Матиц Сухолежникпивот22
 Вкупно 651

КОРЕЈА

# Играч Позиција Исклучување Голови
8Хјеонво Кимпивот02
10Чанмин Јудесно крило03
13Јунхее Лидесно крило01
19Сеунггеон Баекдесен бек00
22Бјеонгју Лилево крило00
23Јоунгје Јеонцентрален бек01
24Јинјонг Кимдесно крило02
26Јаеху Кимцентрален бек06
28Јинхо Кимлево крило06
32Донгјеон Јолево крило00
33Јаесон Кимлев бек01
34Таегван Кимлев бек02
77Мјеонгјонг Кимцентрален бек00
87Јиун Кимдесен бек00
97Таеунг Кимпивот25
98Јаепил Анголман00
 Вкупно 229

Officials

Судии:
Ангел Сабросо -Шпанија
Оскар Ралуј -Шпанија