Резервистот Швајцарија ја реши Австрија на отворањето на групата Е

Во дуел на две европски репрезентации, Швајцарија беше поуспешна од Австрија во првиот дуел од групата Е на Светското првенство во Египет со 28-25. Швајцарија како и Македонија својата шанса ја доби како резервист на овој Мундијал, откако САД поради коронавирус го откажа својот настап.

Австрија на овој турнир настапува без двајцата најдобри стрелци во тимот, затоа и имаше проблеми да ја пробие одбраната на Швајцарија од надворешните позиции. Но расположени беа крилата и десниот бек кој со индивидуални продори во полето од шест метри успеваше да ја одржува минималната предност за својата селекција во воведните минути.

Австрија отвори со три голови, но тоа не беше гаранција за мирно да продолжи во овој дуел. Швајцарците водени од ракометниот виртуоз Андре Шмид успеаја да задржат резултатски приклучок, а во средината на првиот дел со три голови во низа да го преземат водството. Ниту една од екипите не успеа да создаде посериозна предност, а резултатската нишалка на крајот на првиот дел ги израмни двете селекции на 13-13.

Вториот дел Швајцарија го започна пофокусирано, затоа и во 36 минута имаа предност од три погодока, разлика која ја одржуваа во текот на целото полувреме. Швајцарија во средина на вториот дел имаше и највисока разлика од четири голови, која се задржа до самиот крај. Во бркотницата во последните две минути Сидоровиќ со третиот гол стави крај на надежите на Австрија и ја одведе Швајцарија на „плус 4“, а Хутичек стави точка на дуелот за конечни 25-28.

Швајцарија извојува значајни два бода во трка по вториот круг на Мундијалот, против директниот конкурент Австрија. Патот за втора фаза на Австрија сега води само преку фаворитите Франција и Норвешка.

14 јануари 2021
25 - 28
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
14 јануари 2021 18:42 ГРУПА Е 2020/2021 14.01.2021 60'

Место

Спортски комплекс „Доктор Хасан Мустафа“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
АВСТРИЈА1525Пораз
ШВАЈЦАРИЈА1528Победа

АВСТРИЈА

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Томас Бауерголман00
4Максимилијан Хермандесен бек10
55Тобијас Вагнерпивот02
6Доминик Шмидлев бек03
8Роберт Вебердесно крило07
20Себастијан Фримеллево крило02
24Даниел Дикерлев бек00
77Никола Стевановиќдесен бек11
26Лукас Хербургерлево крило30
28Гералд Цајнерцентрален бек11
30Борис Живковиќдесен бек05
31Јулијан Прачнерлево крило00
40Томас Ајхбергерголман00
72Лукас Хутечекцентрален бек14
57Балтазар Хуберпивот00
60Јакоб Јохманцентрален бек00
 Вкупно 725

ШВАЈЦАРИЈА

# Играч Позиција Исклучување Голови
2Андре Шмидцентрален бек07
4Лени Рубинлев бек26
6Седри Тиновскидесно крило06
8Михал Свајленпивот00
9Марвин Лирлево крило12
11Роман Сидоровичлев бек04
15Николас Рамидесен бек00
16Никола Портнерголман01
27Максимилијан Герблдесно крило00
17Самуел Ротлисбергерпивот01
24Ник Томинецдесно крило00
29Самуел Зендерлево крило10
31Аурел Бринголфголман00
34Ален Милошевиќпивот01
36Филип Новакпивот00
44Меди Бен Ромданцентрален бек00
 Вкупно 428

Officials

Судии:
Алиреза Мушавиан -Иран
Мајид Колахдужан -Иран

ГРУПА Е

ПозЕкипаGDНПРЛБ.
11832014
2-931022
3-3030030