Познат терминот за македонското класико!

Вардар и Еурофарм Пелистер идната сабото го играа еден од најважните натпревари во сезоната и натпревар кој може многу да решава за титулата во домашното првенство.

Денес е познат и терминот за дербито во „Јане Сандански“. Еурофарм Пелистер ќе му гостува на Вардар од 17:00 часот.

На претходниот натпревар во Скопје оваа сезона во Вардар го победи битолскиот ривал со 29:25 додека во Битола мечот заврши со реми 27:27. На победа пелистерци се радуваа во Суперкупот.