Познат составот на Романија: Со Неагу, Пинтеа, Думанска….против Македонија (ФОТО)

Селекторот на Романија, Адриан Василе, го објави списокот на ракометарки што ќе конкурираат за настап на бараж двомечот со Македонија за пласман на Мундијалот во Шпанија.

Василе одбра 20 ракометарки, од кои 16 ќе имаат можност за настап.

Во споредба со составот на Романија што играше во Црна Гора на олимпискиот квалификациски турнир има четири промени. Десното крило Дариа Букур од Валчеа е повикана на местото на Лаура Попа, а во составот ќе бидат и Бјанка Базалиу од ЧСМ Букурешт, Бјанка Тирон од Дунареа Браила и Александра Јованеску од Бузау.

Костурот на тимот е ист, па Василе ќе смета на Кристина Неагу, Крина Пинтеа, Кристина Ласло, Јулија Думанска, Дениса Деду, Габриела Периану, Елиза Бучеси…

Првиот натпревар се игра во Букурешт на 17 април од 17:00 часот, додека реваншот е на 21 април во Скопје од 17:45 часот.