Познат составот на Летонија: Вардарците Кристопанс и Кугис ќе го предводат дебитантот на ЕП

Летонците ги прават последните подготовки за Европското првенство, а селекторот Арманд Ушчинс го одреди списокот на патници за Трондхајм каде што Летонија ќе дебитира во прелиминарната рунда.

Во составот се и двајцата Летонци кои настапуваат за Вардар, кои иако имаа проблеми со повредите, сепак ќе патуваат со тимот на првенството. Летонија на својот дебитантски настап има многу тешка група во која се фаворитите Германија и Шпанија, а исто така тука е и Холандија.

Список на играчи:

Артурс Кугис (Вардар), Раитис Пуринш (Целтниекс Рига), Едгарс Кукша (Аурич), Оскарс Арајс (Тенакс Добеле), Рихардс Леја (Целтниекс Рига), Аивис Јурџс (Тенакс Добеле), Нилес Креицбергс (Кокс), Емил Куземниекс (Тенакс Добеле), Марис Вершаковс (Тенакс Добеле), Аустрис Туминскис (Ауе), Даинис Кристопанс (Вардар), Гиртс Лилиенфелдс (Кобург), Еварс Клешникс (Трибе), Увис Станждинс (Тенакс Добеле), Ингарс Дуде (Лимож), Егилс Политерс (Тенакс Добеле), Антонс Шулејко (Тенакс Добеле).