Познато е кога ќе Загреб ќе гостува кај Порто и Митревски

Европската ракометна федерација го потврди терминот за одигрување на одложениот натпревар од 12 коло во Лигата на шампионите меѓу Порто и Загреб.

Тој ќе се игра следниот викенд на 26 февруари, а беше одложен поради тоа што хрватскиот првак не по своја вина не можеше да пристигне во Португалија.

„Плинарите“ заглавија на аеродромот во Франкфурт од каде што требаше да летаат за Порто поради техничките проблеми кои оневозможија многу летови да бидат откажани.

Откако стана јасно дека нема навреме да стигнат на крајната дестинација, се вратија во Загреб, а дуелот со Порто доби нов датум.

Одложен дуелот меѓу Порто и Загреб!