Познати термините за Ф4 во ЛШ, финалето се игра во вторник

Завршниот турнир од Лигата нашампионите во машка конкуренција за сезоната 2019/2020 место на крајот од мај или почетокот на јуни ќе се одигра на 28 и 29 декември.

Уште пред извесно време падна одлука финалето, сепак, да се одигра. Меѓутоа има и други промени.

Досега вообичаено завршниот турнир се играше за викенд, а термините за почеток редовно беа 15:15 и 18 часот.

Сега ова претрпе измени, па првиот натпревар ќе се игра од 18 часот, а вториот од 20:30 часот.

Покрај тоа овој завршен турнир се игра и во некарактеристични денови за Ф4 во Лигата на шампионите. Полуфиналните средби се во понеделник, а средбите за пласман се играат во вторник.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, Ф4

ПОНЕДЕЛНИК, 28 ДЕКЕМВРИ

18:00ч

БАРСЕЛОНА – ПСЖ

20:30ч

КИЛ – ВЕСПРЕМ

ВТОРНИК, 29 ДЕКЕМВРИ

18:00ч

НАТПРЕВАР ЗА 3. МЕСТО

20:30ч

ФИНАЛЕ