ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Ѓорче Петров со најдобрите, Румс Јагс со 14 ракометарки

Европската ракометна федерација ги објави составите за првиот натпревар од третото коло во Европскиот Куп меѓу Ѓорче Петров и австрискиот Румс Јагс.

Македонскиот шампион ќе истрча на терен со најсилниот состав со кој располага, бидејќи и Теодора Дукоска се врати на терен по повредата.

Гостинскиот тим во ростерот ќе има 14 ракометарки, меѓу кои се три голманки. Од оние што ќе играа најопасна е десниот бек Мелани Кротвохл.

Во Скопје не допатуваа искусната голманка Елизабет Хербст, пирот Ким Гандер и левото крило Лиза Нојмајстер.

Австрискиот тим формално е домаќин на оваа прва средба, а таа ќе се игра вечерва од 18:00 часот во Автокоманда.