Сениорско деби за Дукоска, Младеновска, Ризоска…Црна Гора со 14 ракометарки

Женската репрезентација на Македонија вечерва ќе го одигра првиот натпревар од ЕХФ Евро Купот против Црна Гора.

Селекторот Љубомир Савевски го одреди составот, во кој има ракометарки што беа дел од кадетската и младинската селекција летово, како и неколку искусни ракометарки.

Деби за сениорската селекција ќе имаат МВП од ЕХФ шампионатот во Литванија, Ива Младеновска, потоа Емилијана Ризоска, Марија Јовановска, Бојана Коцева, Сара Миновска, како и најдобриот десен бек од ЕХФ шампионатот, Теодора Дукоска.

Црна Гора има во ростерот 14 ракометарки, меѓу кои се три голманки – Рајчиќ, Ненезиќ и Бабовиќ. Има и познати имиња – Плетикосиќ, Грбиќ, Рамусовиќ…

Натпреварот меѓу Македонија и Црна Гора се игра во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 20:15 часот.