ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Македонија со истите 16 од претходните два дуели и против Чешка

Машката кадетска репрезентација на Македонија вечерва против Чешка ќе се бори за освојување на 9 место на Светското првенство во Хрватска.

Составот на нашата селекција ќе биде истиот што настапи и на последните два дуели против Австрија, односно Унгарија.

Тоа значи дека на терен нема да биде бекот Дамјан Митев, кој во дуелот со Данска доби незгоден удар.

Натпреварот меѓу репрезентациите на Македонија и Чешка ќе стартува со почеток од 20:00 часот.

Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон!