ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Македонија со една промена против Грузија

Машката кадетска репрезентација на Македонија денес ќе се соочи со Грузија во рамки од последното коло од групната фаза на Светското првенство.

Македонските кадети по вчерашниот триумф над Црна Гора веќе се на чекор до пласман во следната фаза на кадетскиот Мундијал.

Селекторот Раде Стојановиќ го одбра тимот за денешниот дуел аутсајдерот Грузија.

Свој деби настап на Светското првенство ќе има членот на Младост Богданци, левиот бек Антонио Николоски. Од комбинација за настап против Грузија отпадна Томислав Димковски.

Натпреварот меѓу Македонија и Грузија ќе се одигра во салата „Замет“ во Риека со почеток од 17:30 часот.