ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Македонија со една промена брка триумф над Летонија

Машката кадетска репрезентација на Македонија денеска го игра третиот натпревар од групната фаза на ЕХФ шампионатот во Летонија.

За дуелот со Летонија, селекторот Раде Стојановиќ направи принудно една промена во составот на Македонија.

На местото на повредениот десен бек Димитар Узунчев, кој нема да игра до крајот на ЕХФ шампионатот, во составот е пивотот Александар Стојменов.

Натпреварот меѓу Македонија и Летонија се игра денеска од 15:00 часот, а ќе го судат Босанките Праштало и Балван.