ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Македонија на двобој со Исланд, по прв триумф на ЕП

Женската младинска репрезентација на Македонија денеска го игра претпоследниот натпревар на Европското првенство во Романија.

Во разигрувањето за пласман од 13 до 16 место на континенталниот собир, ривал на Македонија ќе биде Исланд.

Селекторот Јулијана Дамчевска со истиот состав од претходните натпревари ќе се обиде да стигне до прва радост.

Натпреварот меѓу Македонија и Исланд се игра денеска со почеток во 12:00 часот, а судии ќе бидат Италијанците Симоне и Монитиљо.

Победа ја носи нашата селекција на дуел за 13 место против победникот од дуелот Хрватска – Србија, а пораз во дуел за 15 место со поразениот од истата двојка.