ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Македонија има последна шанса за прва победа

Женската младинска репрезентација на Македонија денеска го игра последниот натпревар на Европското првенство во Романија.

Ривал за избегнување на последното место на континенталниот собир ќе биде селекцијата на Хрватска.

Во составот на Македонија ќе бидат истите 16 ракометарки што играа и на претходните натпревари.

Дуелот меѓу Македонија и Хрватска започнува од 12:00 часот, а ќе го судат Украинките Дупли и Победрина.