ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Кил со 14 играчи, Алушовски го одбра Гогов пред Кизиќ! (ФОТО)

Ракометарите на Вардар денеска го имаат првиот официјален натпревар во 2020 година, а следува гостување во Германија каде што ќе биде одиграна средба против Кил. Ова е меч од 11. коло во кој домашните ќе бидат фаворити.

Вардар е во проблеми и пред овој натпревар и одново нема да биде комплетен. Сепак, очекувањата се дека со Стевче Алушовски на клупата ќе се види една поинаква игра и дека екипата ќе може да покаже далеку подобри партии од последните средби пред паузата во Лигата на шампионите.

Кај европскиот првак ќе ги нема Дисингер, Кугис и Шишкарев, додека од другите тројца голмани во ростерот ќе бидат Калифа Гедбан и Васил Гогов. Ниту домаќинот нема да биде комплетен, па ќе има само 14 играчи во составот. Шведскиот бек Лукас Нилсон поради повреда од ЕП нема да настапи денеска против Вардар.