ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Вардар ќе нападне со најсилен состав, Загреб без Лејметер и Ивиќ

Ракометарите на Вардар денеска гостуваат кај ППД Загреб во 10. коло и после шест порази во серија време е да се сменат работите и да се дојде до победа.

Ова гостување ќе биде тешко бидејќи и шампионот на Хрватска нема право на грешка така што денеска е натпреварот кој ќе даде одговор на многу прашања.

Вардарци на овој натпревар ќе треба да одработат најдобро што можат, а од него сигурно ќе зависат многу работи во продолжение од сезоната. На Вујовиќ е да ги мотивира момците така што ова е средба на која ќе треба да се крене нивото на формата.

„Црвено-црните“ се во најсилниот состав што го имаат на располагање, додека Загреб ќе биде без десниот бек Чаба Лејметер и голманот Филип Ивиќ. Натпреварот во „Сутинска врела“ започнува од 20:45 часот.