ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Вардар со тројца голмани против Монпелје (ФОТО)

Ракометарите на Вардар денеска го играат последниот натпревар од групната фаза во Лигата на шампионите и во Скопје го пречекуваат составот на Монпелје. Сосема извесно е дека овој дуел ќе биде максимално тежок бидејќи ракометарите од Франција ќе имаат што да покажат на теренот и ќе сакаат исто така триумф.

И двете екипи имаат шанса за позиција повисоко, но мора да се поклопат коцките за да се дојде до скок, па вардарци ќе чекаат и помош од Мешков Брест кој треба да го победи Порто.

Тренерот Стевче Алушовски за денешниот натпревар нема да смета на повредените Кугис и Дисингер, а во споредба со претходниот дуел против Порто има само една измена. На местото на десното крило Ален Ќосевски во ростерот е голманот Васил Гогов.

Натпреварот се игра во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 17:30 часот.