ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Вардар без Ристовски, Алборг со Палмарсон (ФОТО)

Натпреварот од 5. коло од Групата А во Лигата на шампионите меѓу Алборг и Вардар не донесе изненадувања во однос на составите бидејќи и двајцата тренери се одлучија за најдоброто што го имаат на располагање во моментов.

Во Вардар го нема Борко Ристовски, кој пред заминувањето за Данска се пожалил на проблеми и мачнина, па остана во Скопје. На негово место е Али Сафар. Инаку, тоа е единствената измена во тимот во однос на натпреварот против Монпелје од минатата среда.

Кај Алборг има засилување во однос на гостувањето во Скопје. Сега во тимот се наоѓа и Арон Палмарсон. Играчот кој дојде како големо засилување од Барселона ги реши проблемите со повредата и сега е подготвен да го даде најдоброто на теренот.

Средбата се игра во Јутландер Банк арената во Алборг, а почнува во 18:45 часот.