ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Вардар без Кевин Њокас, Валчак, Чувара…пелистерци без капитенот Периќ!

Ракометарите на Вардар денеска го пречекуваат тимот на Еурофарм Пелистер во големото дерби на македонскиот ракомет.

Стратегот на домашните, Давид Дејвис, за овој натпревар поради правилото за странци мораше да ги изостави од ростерот Кевин Њокас, како и полските репрезентативци Патрик Валчак и Јан Чувара.

Хрватот на клупата на битолчани, Жељко Бабиќ, не може да смета на повредените Мартин Велковски и Јосип Периќ, а во ростерот не е ни голманот Филип Ивановски.

Вардар: Ристовски, Томовски, Дибиров, Георгиевски, Ѓукиќ, Тото, Стоилов, Моралес, Савревски, Талески, Диало, Оливие Њокас, Мишевски, Гаџа, Карапалевски, Додиќ.

Еурофарм Пелистер: Секељ, Кизиќ, Ојлески, Маџовски, Божиќ Павлетиќ, Костески, Граџан, Маркоски, Мандалиниќ, Кукуловски, Табоада, Танкоски, Обрадовиќ, Мараш, Радовиќ, Кукоски.

Натпреварот меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер стартува од 17:00 часот, а се игра во СЦ „Јане Сандански“.