ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Битолчани со истите 16 од Вардар и против Нексе, повторно недостига капитенот

Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечерва го играат првиот осминафинален натпревар од Лигата на Европа против Нексе.

Стратегот Жељко Бабиќ се реши за истите 16 ракометари што го победија Вардар во Скопје во суперлигашкото дерби.

Во ростерот на битолчани повторно ќе недостасува капитенот Јосип Периќ, кој се рехабилитира по повредата против Татабања.

Натпреварот меѓу Нексе и Еурофарм Пелистер се игра вечерва со почеток 18:45 часот во салата „Крал Томислав“ во Нашице.