Познати сите учесници во Балтичката лига за новата сезона

Раководството на Балтичката лига ги објави сите учесници во натпреварувањето за следната сезона.

Во оваа конкуренција ќе играат вкупно 12 екипи, двокружно по системот секој со секого, а ќе има по четири екипи од Летонија, Литванија и Естонија.

Тоа се тимовите на Добеле, Целтниекс, Латголс и Огре од Летонија, Драгунас, Свеса, Гранитас и Алитус од Литванија, како и Полва, Кехра Талин, Вилјанди Тулевик и Тапа од Естонија.

Во регуларниот дел од септември до март сите екипи ќе одиграат по 22 натпревари, пред четвртфиналето и завршниот турнир во април.