Познати сите термини, Македонија ќе игра на крајот на март и на мај

Ракометарките кои се дел од репрезентацијата на Македонија веќе ги имаат термините кога ќе се играат средбите од квалификациите за ЕП 2020. Тие се во група со селекциите на Шведска, Чешка и Португалија, а есента одигра две средби.

Две од другите четири натпревари ќе бидат одиграни на крајот од март. Прво на 26 март сениорките ќе гостуваат кај Португалија, а три дена подоцна ќе ја пречекаат истата селекција.

Потоа во мај прво на домашен терен ќе играат со Шведска. Тој дуел е закажан за 27 мај, додека на 31 мај квалификациите ќе завршат на гостување во Чешка.

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2020

ГРУПА 5

26 МАРТ, 21:00ч

ПОРТУГАЛИЈА – МАКЕДОНИЈА

29 МАРТ, 18:00ч

МАКЕДОНИЈА – ПОРТУГАЛИЈА

27 МАЈ, 18:00ч

МАКЕДОНИЈА – ШВЕДСКА

31 МАЈ, 16:00ч

ЧЕШКА – МАКЕДОНИЈА