Познати се сите учесници за новото издание на Струшкиот турнир

Поради пандемијата со Коронавирусот годинава на турнирот во Струга ќе има исклучиво екипи од Супер машката лига на Македонија, па ова ќе биде првпат да нема гости од страна.

Осумте екипи кои треба да играат беа познати и претходно, но поради oткажувањето на Пролет 62 од учеството мораше да се најде брзо замена. Ова место ќе го пополни вториот тим на Еурофарм Пелистер.

Според ова на турнирот годинава ќе играат екипите на Вардар, Еурофарм Пелистер, Металург, Охрид, Бутел Скопје, Прилеп, Струга и Еурофарм Пелистер 2.

Натпреварите на струшкиот турнир ќе се играат од 12 до 16 август.