Познати саатниците за Купот: Трофеите ќе се делат еден ден порано, преноси ќе има на МТВ

Ракометната федерација на Македонија ќе биде организатор на двата завршни турнири во Купот на Македонија, и во машка и во женска конкуренција, а натпреварите ќе се играат во салата на Металург во Автокоманда.

Натпреварите ќе се одиграат еден ден порано од предвиденото. Беше предвидено да се играат од 14 до 16 мај, но поради поклопувањето на термините со кошаркарскиот Куп, новите термини се од 13 до 15 мај.

ТВ преноси на програмата на национланиот сервис МТВ ќе има од двете полуфинални средби во машка конкуренција, како и од двата финални натпревари, додека двете полуфинални средби од женска конкуренција ќе може да се следат на You Tube каналот на РФМ.

Куп на Македонија, распоред на натпревари:

13 мај, четврток
Металург – Вардар, 16:30 часот, МТВ 3
Бутел Скопје – Еурофарм Пелистер, 19:00 часот, МТВ 3

14 мај, петок
Куманово – Металург, 15:30 часот, You Tube РФМ
Вардар – Чаир, 18:00 часот, You Tube РФМ

15 мај, сабота
финале жени, 14:30 часот, МТВ 3
финале мажи, 17:30 часот, МТВ 1