Познати саатниците за главна рунда – Македонија во ист термин со Данска и Австрија

Светската ракометна федерација ги објави распоредите за натпреварите од главната рунда и Президент Купот на кадетското СП во Хрватска.

Македонија ќе биде дел од групата 3, која ќе се игра во салата „Замет“ во Ријека, со Данска, Австрија и Норвешка.

Норвежаните ги добија централните термини од 19:30 часот, а Македонија двата меча ќе ги игра со почеток во 17:30 часот.

Утре, на 7 август, Македонија оди на мегдан на Данска, додека на 8 август ќе игра против Австрија.

Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон!