Познати патниците на ОИ – еве кои репрезентации ќе играат во Токио

Познати се патниците на Олимписките игри што ќе се одржат во август оваа година, а беа одложени од лани.

По поразот на Франција од Португалија стана јасно дека Хрватите ќе останат без настап на Олимписките игри по прв пат од 2000 година.

Од групата во Берлин, билет за Токио обезбедија Германија и Шведска, додека од групата во Подгорица, на ОИ патуваат Норвешка и Бразил

Нема да има балкански селекции во Токио, а освен седум европски, има две јужноамерикански и азиски, како и една африканска репрезентациja.

Учесници на ОИ:

Данска, Шпанија, Франција, Шведска, Бразил, Аргентина, Норвешка, Германија, Португалија, Јапонија, Египет, Бахреин