Познати групите во ЛШ: Ѓер со Рапид, Будуќност…Кристијансанд со Крим, ФТЦ, ЧСМ Букурешт…

Денеска во седиштето на Европската ракометна федерација во Виена беа извлечени групите за новата сезона во женската Лига на шампиони.

Поради забраната за учество на Ростов Дон и ЦСКА Москва, следната сезона во ЛШ нема да биде доволно атрактивна, бидејќи има тимови од типот на Локомотива Загреб, Бањик Мост, Сторхамар…

Европскиот шампион Кристијансанд се најде во групата А заедно со романскиот ЧСМ, унгарскиот ФТЦ, данскиот Оденсе, словенечкиот Крим…

Првото коло од новата сезона ќе се игра на 10/11 септември, додека завршниот турнир во 2023 година е на 3/4 јуни 2023 година во Будимпешта.