Познати арбитрите за големото дерби: Еве кои ќе судат Вардар – Еурофарм Пелистер!

В недела на програмата во Супер лигата ќе биде големото дерби меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер, натпревар кој е од првото коло.

Натпреварувачката Комисија на Ракометната федерација ги делегираше арбитрите за дуелот меѓу двете најдобри македонски екипи.

Тоа ќе бидат Димитар и Дејан Георгиевски, додека делегати на овој натпревар ќе бидат Ацо Николовски и Цане Куртовиќ.

Натпреварот меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер се игра в недела во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 19:45 часот.

Ова е втора средба меѓу двете најдобри екипи откако пред десетина дена Вардар славеше во Супер Куп дуелот во Струмица.