Позната судиската двојка за дерби мечот меѓу Алкалоид и Еурофарм Пелистер

Со вчерашниот натпревар меѓу Куманово и Струга започна новото, 9. коло во плеј-оф/аут фазата во македонската елита.

Најинтересно во новото коло се очекува да биде на натпреварот меѓу дебитантот Алкалоид и вицепрвакот Еурофарм Пелистер.

Овие две екипи утре (13 април) во Автокоманда ќе го имаат вториот меѓусебен дуел сезонава.

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) веќе ги делегираше официјалните лица за дерби дуелот.

Правдата меѓу дебитантот и битолскиот тим ќе ја делат Ѓоко Колевски и Сашо Кркачев од Скопје, додека делегат ќе биде Ацо Николовски, исто така од Скопје.

Двете екипи со победа би ги зголемиле шансите за шампионската титула. Еурофарм Пелистер на првиот натпревар триумфираше со два гола разлика, 27:25.

Натпреварот меѓу избраниците на Кире Лазаров и тимот на Александар Јовиќ ќе се одигра со почеток од 19:00 часот.