Повторно одложени средби во Супер женската лига

И во 8. коло од Супер женската лига ќе има четири средби бидејќи две од нив се одложени поради тоа што дел од екипите имаат позитивни ракометарки на коронавирусот.

Според планот за одигрување се очекува да има интересни средби на дел од терените, а дали ќе има неизвесност е тешко да се каже предвреме.

Вардар влегува како голем фаворит против Кузман Вардар и тука сосема извесно е дека се ќе биде во знакот на домашните.

Стружанка треба да има предност против Овче Поле, но тимот од Свети Николе почна да игра во добра форма и тука може да има возбудувања.

На другите два дуели гостинките треба да имаат предност. Шампион против Ѓорче Петров ќе влезе со поголеми шанси за триумф исто како и Чаир против Гевгелија, а овој натпревар поради учеството на Чаир во Европскиот куп е поместен за во вторник во 20 часот.

СУПЕР ЖЕНСКА ЛИГА

ДВОЈКИ ЗА 8. КОЛО

НЕДЕЛА, 18 ОКТОМВРИ

15:00ч

ВАРДАР – КУЗМАН ВАРДАР

Сала: СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. Судии: Мартин Јовановски и Сашо Јанкулоски од Прилеп. Делегат: Илја Цветкоски од Прилеп.

15:30ч

СТРУЖАНКА – ОВЧЕ ПОЛЕ СУ

Сала: СОУ „Нико Нестор“ во Струга. Судии: Иван Илиевски од Битола. и Александар Шуковски од Ресен. Делегат: Александар Стефановски од Битола.

19:00ч

ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – ШАМПИОН

Сала: „Христо Батанџиев“ во Скопје. Судии: Адриана Здраковска и Сања Божиновска од Скопје. Делегат: Ерик Белимов од Скопје.

ВТОРНИК, 20 ОКТОМВРИ

20:00ч

ГЕВГЕЛИЈА – ЧАИР

Сала: „26 Април“ во Скопје. Судии: Силвана Карбеска и Марија Илиева од Скопје. Делегат: Марјан Огњановски од Скопје.

ОДЛОЖЕНИ НАТПРЕВАРИ

ДЕСПИНА – МЕТАЛУРГ

СПАРТАК – ПЕЛИСТЕР

КУМАНОВО е слободно