Повратникот во Суперлигата ги започна подготовките (ФОТО)

Екипата на Голден Арт, која во изминатата сезона успеа експресно да се врати во елитното натпреварување, откако го освои второто место во прволигашката конкуренција, денес го означи стартот на подготовките за новата натпреварувачка сезона.

На првата прозивка, тренерот на Голден Арт, Никола Матлиески на располагање ги имаше ракометарите, кои што останаа од минатиот состав, како и новите засилувања кои пристигнаа во екипата, вклучувајќи го и интернационалецот од Хрватска, Тони Јакиќ.

Екипата се засили и со левото крило Славе Јанковски, пивотите Александар Налетоски и Марко Трајковски, голманите Мартин Павличковски и Петар Виларов, десното крило Мице Шилегов, како и десните бекови Пеце Рајатоски и Дејан Гошевски.

Голден Арт ќе биде дел од групата Б во Суперлигата и ќе игра против Еурофарм Пелистер, Еурофарм Пелистер 2, Тиквеш, Пролет, Радовиш, Јуниор Кисела Вода и Скопје.