„Плинарите“ најдоа нов тренер: Игор Вори е наследникот на Вујовиќ!

По завршувањето на играчката кариера, Игор Вори започнува ново поглавје. Тој ќе ја почне тренерската кариера во клубот во кој помина долги години како играч.

Веселин Вујовиќ ги изненади сите со заминувањето од жешката клупа поради приватни причини, но во Загреб не чекаа многу да го најдат неговиот наследник иако има уште многу време до почетокот на новата сезона.

Во најтесната конкуренција беа Ненад Кљаиќ, Игор Вори и поранешниот македонски селектор Ивица Обрван, но челниците се решија за некогашниот репрезентативец.

Загреб во новата сезона го очекуваат големи предизвици со настапите во Лигата на шампионите и во СЕХА лигата.