ПИК Сегед засилен пред дуелите со Вардар

После паузата поради повреда рускиот среден бек во составот на ПИК Сегед, Дмитри Житников се враќа на терените. Тој првиот натпревар по повредата ќе го има во домашното првенство против Мезоковешди.

Во пресрет на двомечот со Вардар во осминафиналето во Лигата на шампионите враќањето на Житников е од голема важност за унгарскиот вицешампион, но исто така тоа се и лоши вести за шампионот на Европа.

Житников се враќа на терените по долга пауза и прашање е во каква форма ќе биде за претсојните дуели. Сепак тоа што Хуан Пастор ќе го има целиот ростер на располагање и поголема можност за ротација е од големо значење за тимот.

Минатата сезона ПИК Сегед беше елиминаран во четвртфиналето од Вардар и сигурно унгарскиот тим ќе направи се да се одмазди за елиминацијата.