Пик Сегед го крои тимот за следната сезона, потпиша репрезентативец на Австрија (ФОТО)

Екипата на Пик Сегед која е ривал на Вардар во оваа сезона од Лигата на шампионите почна да го креира тимот за следната сезона.

Првото ново име во редовите на Пик Сегед е ракометарот на Кадетен Шафхаузен, Себастијан Фримел.

Репрезентативецот на Австрија се подготвува за настап на Мундијалот во Египет. Тој има 25 години и добива одлична можност за да игра во тим кој има многу поголеми амбиции од Кадетен.

Левото крило ќе биде добро засилување за Пик Сегед, а договорот кој го потпиша е со важност од 30 јуни и ќе трае две години.

„После неколкуте продолжувања на договорите сакаме да објавиме доаѓање на нов ракометар. Се работи за репрезентативецот на Австрија, крилото Себастија Фримел кој доаѓа кај нас од следното лето“, потврди директорот на тимот на Пик Сегед, Бенце Киш.

И ракометарот потврдува дека е задоволен од тоа што доби можност за да игра во тим кој е постојано во Лигата на шампионите и секогаш во трка за пласман на Ф4 турнирот.

„Бев пресреќен кога ме контактираа од Пик Сегед. Со нетрпение очекувам да го облечам синиот дрес. Отсекогаш сум сонувал за да бидам дел од еден ваков голем клуб. Не размислував воопшто да за го ставам потписот на договорот“, изјави Фримел.

Сега го очекува настап на Светското првенство во Египет, а потоа има уште од договорот со Кадетен. Неговиот договор со Пик Сегед почнува на 30 јуни.