Пивотот не мрда од Автокоманда – Милан Лазаревски го продолжи договорот со Металург

Тимот на Металург продолжува со формирањето на играчкиот ростер за следната натпреварувачка сезона.

Кружниот напаѓач Милан Лазаревски останува верен на тимот од Автокоманда и ја продолжи соработката за уште една сезона.

Претходно, тимот предводен од Иван Марковски, го донесе пивотот Костадин Петров, а договорите ги продолжија Златко Хорват и Даниел Дупјачанец.

Засилувања за металурзи ќе бидат и француските бекови Кевин и Оливие Њокас, кои се обврзаа на двегодишна соработка.

Металург заедно со Пролет и Еурофарм Пелистер ќе ја претставува Македонија во Лигата на Европа.