Пивотот на Данска се враќа дома, повторно ќе игра за финалистот од ЛШ

Екипата на Алборг која е минатогодишен вицешампион во Лигата на шампионите добива засилување во пивотменската линија и во одбраната во пивотот на Флензбург и репрезентацијата на Данска, Симон Халд.

Практично Халд се враќа дома бидејќи пред да дојде во Флензбург во 2018 година го носеше дресот на Алборг. Веќе договори да потпише на пет години со составот од Данска, а истоиот ќе стартува од 2023 година.

Халд играше во Алборг од 2013 до 2017 година, а одново ќе го облече дресот во 2023 година така што 27-годишниот ракометар веќе има обезбедено ангажман за во иднина во тим што станува се посилен.