Пешиќ е голем оптимист: Можеме да го победиме Вардар во Скопје

Голманот на репрезентацијата на Хрватска и на тимот на Мешков Брест, Иван Пешиќ многу оптимистички гледа кон новата сезона од Лигата на шампионите.

Тој уште сега изјавува дека во новта сезона заедно со колегите ќе влезат максимално и дека ќе направат сè за да дојдат до успех.

„Играме добро дома, но на гости не сме на тоа ниво. Мораме да го подобриме овој сегмент. Мислам дека можеме да бидеме први или втори во нашата група. Постојат екипи против кои можеме да победиме на гостински терен. Можеме да го победиме Вардар, а можеме да победиме и против Загреб“, вели Пешиќ.

Ова секако ќе биде дополнителен мотив за вардарци за новата сезона во Лигата на шампионите така што ќе претстојат дефинитивно интересни натпревари.