Пешевски прв стрелец, но Штутгарт високо поразен кај Рајн Некар

Во првото коло од Бундес лигата Жарко Пешевски и Штутгарт имаа тешко гостување кај Рајн Некар каде што доживеаја висок пораз од 20:30.

Македонскиот репрезентативен пикер имаше фантастично издание во првиот натпревар од новата сезона, беше прв стрелец во својот тим со пет погодоци од шест обиди. Но, сепак, тоа не беше доволно Штутгарт да избегне пораз.

Уште по првиот дел фаворитот обезбеди предност која беше доволна за победа, после десет минути домаќините водеа 7:2, а на полувреме Рајн Некар имаше водство од 17:9. Со убедлива игра и во второто полувреме Рајн Некар стигна до сигурна победа на отварањето на првенството.

Во првиот денешен натпревар во терминот од 13:30 часот, Кил на домашен терен славеше победа од 36:30 против екипата на Ерланген. Вецлар беше поразен од Фленсбург иако по првото полувреме имаше предност од три гола. Мелсунген од гостувањето кај Балинген се враќа со два бода откако славеше 25:23.

Бундес лига 1. коло, Резултати

Кил – Ерланген 36:30 (20:15)
Рајн Некар – Штутгарт 30:20 (17:9) 
Вецлар – Фленсбург  27:29 (17:14)
Балинген – Мелсунген 23:25 (11:12)