Пешевски ги собра бодовите кај Миркуловски, Штутгарт со победа замина од кај Вецлар

Македонското дерби во Бундес лигата заврши со победа на гостинската екипа откако Штуртгарт го совлада Вецлар со 28:27.

Ова беше дуел во кој на терен беа Филип Миркуловски и Жарко Пешевски. И двајцата средбата ја завршија со по два гола, но помладиот Пешевски имаше среќа со своите колеги да си замине со бодовите од гостувањето.

Вецлар имаше долго време предност, но не успеа да ја зачува. Како што мечот одеше кон крај гостите успеаја да го свртат резултатот во своја полза. Во финишот влегоа со три гола предност, но Вецлар намалуваше. Сепак, на крајот разликата беше само еден погодок, 28:27, но доволно за Штутгарт да си замине со бодовите.

Со ова Штутгарт се одалечи од опасната зона, додека Вецлар е сигурно на средината од табелата.