Печенковски: Веќе сме во плеј-оф, но сакаме да ги добиеме сите преостанати натпревари

Тимот на Бутел Скопје утре го пречекува Охрид во натпревар од 15 коло во Суперлигата, кој резултатски е безначаен, со оглед на тоа што и двете екипи обезбедија место во плеј-офот.

Но бутелци сигурно ќе сакаат одмазда за поразот во есенскиот дел од сезоната.

„Нашата цел ја остваривме уште претходно, ни преостануваат четири натпревари кои исто сакаме да ги добиеме, без разлика што тоа за нас ништо нема да смени ништо пред почетокот на главниот дел од сезоната. Имавме тешки седмици поради болест на дел од играчите, но за среќа полека се комплетираме. Новите играчи се вклопуваат во системот на нашата игра и мислам дека ќе бидеме уште посилни како ќе поминува времето. Утре играме против одлична екипа која беше можеби најактивна кога станува збор за трансфери и го промени скоро цел состав од минатата сезона, а тоа засега изгледа доста добро. Овој дуел е секако дерби на колото, очекувам тежок натпревар и на крајот нека победи подобриот“, изјави средниот бек Горан Печенковски.

Натпреварот меѓу Бутел Скопје и Охрид се игра вечерва во спортската сала „Антон Димитров“ во населба Бутел со почеток во 19:00 часот.