Пех за Македонија: Симона Маџовска мора на операција, го пропушта баражот за СП!

Левиот бек на германскиот Цвикау и македонската репрезентација, Симона Маџовска, мора на операција и ќе го пропушти баражот за Мундијалот.

Тоа ќе биде голема грижа за селекторот Љубомир Савевски, кој ќе мора да најде нова солуција за левата бековска позиција.

Маџовска заработи скршеница на стопалото, ќе мора да се оперира оваа недела, а првичната пауза е шест недели.

Тоа значи дека ќе ги пропушти двете следни акции на репрезентацијата, но би можела да биде подготвена за финишот на сезоната на клупски план.

Повредата доаѓа во најлош момент, кога Маџовска играше во одлична форма во Бундес лигата и требаше да биде еден од адутите на Македонија.

Македонија и Украина ќе играат на 8 април во Скопје со почеток во 19:00 часот, додека реваншот е во унгарскиот град Кишварда нна 11 април од 17:00 часот.