Пет Македонки дел од проектот за млади на ЕХФ

Европското младинско првенство во Романија е пред крајот, утре ќе се одиграат полуфиналните и дуелите во разигрувањето од 9 до 16 место, како и оние за пласман од 5 до 8 место.

Еден од учесниците на младинскиот континентален собир е репрезентацијата на Македонија, која погажа дека има неколу талентирани ракометарки кои можат да прераснат во лидери на репрезентацијата, но и во големи ѕвезди.

Денес 80 талентирани ракометарки, кои на минатите пет натпревари беа избрани за најдобри играчи во своите репрезентации, беа дел од големиот настан „Почитувај го твојот талент“.

Левите бекови Сара Стефаноска и Марија Јанкуловска, средните бекови Бојана Коцева и Нена Несторовска, како и десниот бек Ива Младеновска, беа претставнички од македонската репрезентација.

На настанот свое предавање имаа двете екс ракометарки на Вардар, Јованка Радичевиќ и Ања Алтхаус. Двете поранешни репрезентативки им поделија голем број совети на младите европски надежи.